Нашиот добиток
Одгледуван со голема грижа во најсовремени услови
Сточарството кај нас е застапено во четири производни области , и тоа : млечно говедарство, овчарство, свињарство и рибарство. Во последните неколку години во сточарството се направени значајни инвестициони вложувања во поглед на реконструкција и изградба на сточарски капацитети.
Вкупниот капацитет на краварските фарми е 5000 од кои 2250 се молзни крави. Планираниот број на молзни крави е променлив секоја година. Нашата свињарска фарма има капацитет за производство 7.000 свињи во една година, и овчарските фарми имаат капацитет од 4.500, од кои 2.700 се овци за молзење. Имаме вкупна површина од 214 ха во нашите два рибници. Нивниот капацитет е 1200 кг / ха, или 230,400 килограми годишно.
Сточарското производство има интензивен карактер. Иако се темели на долгогодишна традиција и искуство, секоја година се внесуваат новини во сточарската технологија.
За бројната и здраствената состојба на стадото како битен фактор на сточарското производство, изразено преку квалитетот и квантитетот на сточарските производи се грижат стручни лица од областа на ветерината, кои се докажани во нивната област. Важни елементи кои што ги земаме во предвид при планирање на сточарското производство се сточарските капацитети, стадото со својата бројна и здраствена состојба , цените на сточарските производи и храна.