Земјоделство

 

Нашата агрономија

Имплементирана од врвни стручни лица

                     
 
                    
 
На вкупната обработлива површина со која располага комбинатот се одгледуваат житни, фуражни, индустриски, градинарски култури и долгогододишни насади. Благодарение на расположливата механизација, поволната клима за работа и стручноста на вработените во комбинатот, овозможува да се добијат високи приноси и квалитетно растително производство.

При планирање на растителното производство го земаме во предвид влијанието на повеќе фактори, како што се расположливата обработлива површина, модерната агромеханизација со својата исправност, климатските услови, пазарните закони и човечкиот фактор.

Понудата и побарувачката на пазарот на производи од растително производство имаат директно влијание врз формирањето на основните плански параметри кои ни претставуваат основа врз база на која го планираме растителното производство.

Секоја година голем дел од остварениот приход го реинвестираме во набавка на нова механизација, стручно оспособување и надоградување на нашите вработени, а со тоа сме во можност да ги следиме најновите светски трендови во поглед на обработка на почвата.