ЗК Пелагонија

Создаваме одржливо земјоделство засновано на знаење, технологија и долгогодишна традиција.

15500 Хектари обработлива површина

ЗК Пелагонија е еден од најголемите агро-комбинати во регионот. Со децениска традиција, современа механизација и стратешки пристап кон производството, компанијата има клучна улога во развојот на домашното земјоделство.

Работните процеси се вршат со најсовремени машини – John Deere, Horsch, Krone, Claas..

компанијата редовно вложува и се стреми кон современ пристап во управување со земјоделското производство, базиран на дигитални технологии, анализа на податоци и автоматизација.

Нашиот успех се темели на силен и стручен тим составен од агрономи, инженери и искусни земјоделски работници кои со знаење, одговорност и посветеност го водат секој производен процес.

РАБОТЕН ПРОЦЕС

Работни процеси и организација на операции

Главната дејност на ЗК Пелагонија е земјоделско производство.
Образденото земјиште се наоѓа во Пелагонискиот регион, плодна земјоделска област со поволни климатски услови за одгледување широк спектар на култури.
Висококвалитетно производство на култури и силни приноси се постигнуваат со употреба на модерна механизација, стручност на квалификувани вработени и поволни услови за работа.

Примарна Обработка
Операции на ѓубрење​
Сеидба
Третман за заштита на посевите
Жетва

01

01. примарна обработка

Процесот вклучува орање и подривање, проследено со секундарни операции на обработување како што се тањирање и бранување.

02

02. Операции на ѓубрење

Операциите на ѓубрење се изведуваат со распрскувачот DCM36M, кој има работна ширина од 24 м, со EU сертифицирани ѓубрива.

03

03. Сеидба

Операциите се вршат со најсовремени машини од програмата на Horsch i Väderstad

04

04. Третман за заштита на посевите

Третманите за заштита на посевите се вршат со четири автономни самоодни прскалки Artec F40, секој со работна ширина од 44 м.

05

05. Жетва

Жетва на пченица, јачмен, тритикале, пченка, сончоглед, грашок и семе од луцерка која се врши со житни комбајни John Deere W660/S780.

Иновативен пристап кон земјоделството со мерливи и сигурни резултати

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Compare